Eл Салвадор најави изградба на Bitcoin City, кој ќе се користи енергија од вулкан!

- Advertisement -

Ел Салвадор, единствената земја во светот каде биткоинот (заедно со американскиот долар) е официјална валута, планира да изгради цел град кој ќе се базира на оваа најголема криптовалута.

Ова вчера го најави претседателот Наџиб Букеле на презентацијата на „Недела на Биткоин“ во Ел Салвадор.

- Advertisement -

„Bitcoin City“ ќе се наоѓа во заливот Фонсека, недалеку од вулканот. Владата планира да изгради електрана во подножјето на вулканот, која ќе работи на геотермални извори, а ќе го снабдува градот со енергија за „ископ на биткоин“, рече претседателот, пренесува порталот CoinDesk.

Според Букеле, Биткоин Сити ќе биде вистински град со станбени и трговски области, ресторани, како и аеродром и железничка станица. Градот ќе биде изграден во облик на круг (како монетите), а на централниот плоштад ќе биде прикажан голем симбол на биткоин. Градот нема да има сопствен приход, имот или даноци.

- Advertisement -

Букеле, исто така, рече дека планира да издаде „биткоин обврзница“ во вредност од една милијарда долари, финансиски инструмент што ќе го развие Blockstream на Liquid Network.

Од таа сума, 500 милиони ќе бидат искористени за изградба на инфраструктура за ископување биткоини во новиот град, а останатите 500 за купување дополнителни биткоини. Со сегашната цена на тргување со биткоин од 59.000 долари, државата со овој потег ќе добие залиха од 2.000 биткоини.

- Advertisement -

Претседателот на Ел Салвадор, кој неодамна се прогласи за диктатор на Твитер, се спореди со Александар Велики на презентацијата на Биткоин Сити и се осврна на Александрија, која ја изградил тој освојувач. Тој утврди дека Биткоин Сити ќе стане новиот светски финансиски центар, а споменатата обврзница што ќе ја издаде ја нарече „вулканска“.

Ел Салвадор има намера да создаде закони за хартии од вредност и да дозволи издавање на Bitfinex Securities, соопшти Blockstream.

Инаку, Ел салвадор е една од најсиромашните држави во Јужна Америка, каде најголем број од жителите преживуваат со парите што им ги испраќаат нивните роднини во САД.

Сподели!
- Advertisement -