Богатството на Цукерберг порасна на 100 милијарди долари

- Advertisement -

На повеќе од 50 пазари во светот од неделава на Instagram е достапна новата опција Reels за снимање и споделување кратки видеа, која е еден вид замена за ТikTok. Додека допрва че видиме како корисниците ќе ја прифатат Reels, инвеститорите засега позитивно гледаат на новата опција и вредноста на акциите на компанијата порасна за 6%. Со новиот пораст на пазарната вредност на Facebook расте и богатството на акционерите, а посебна причина да се радува има основачот и најголем акционер во компанијата, Марк Цукерберг.

Според индексот на милијардери на Bloomberg, Цукерберг сеха официјално влезе во клубот на луѓе со богатство од 100 милијарди долари и над тоа. Со 100 милијарди долари вредност тој стана третиот човек во светот, зад Безос, кој се движи кон 200 милијарди долари, и Бил Гејтс, чија вредност е 120 милијарди долари.

- Advertisement -

Богатството на Цукерберг само со последната промена на вредноста на акциите се зголеми за речиси 6 милијарди долари, а од почетокот на годината досега за вкупно 22 милијарди долари. Оваа година на пандемијата на корона вирусот сепак бешенајдобра за Џеф Безос, чие богатсво во текот на кризата се зголеми за неверојатни 75,3 милијарди долари. Ако продолжи растот, не само што годинава може да ја заврши со богатство поголемо од 200 милијарди долари, туку неговото богатство годинава може да порасне и за над 100 милијарди долари.

Што се однесува на Цукерберг, можеме да очекуваме дека неговото богатство ќе се зголемува и понатаму и не треба да не изненади ако Reels постигне сличен успех како Stories, кој Instagram го копираше од Snapchat и за кратко време стана омилена опција за голем број корисници.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr, BBC)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -