Нова жртва на корона кризата – банкротираше авиокомпанијата на милијардерот Ричард Бренсон

- Advertisement -

Британската авиокомпанија Virgin Atlantic поднесе барање за банкрот во САД. Компанијата чиј основач и косопственик е британскиот милијардер Ричард Бренсон со 51%, а друг сопственик е американската Delta Air Lines со 49% е принудена на реструктурирање поради последиците од корона вирусот.

Во јули годинава компанијата доби помош во износ од 1,5 милијарди долари за да ја задржи солвентоста, само неколку дена пред планираното продолжување на патничките летови.

- Advertisement -

Превозникот вели дека планот за докапитализација ќе биде спроведен во наредните 18 месеци и дека имаат поддршка од акционерите, новите инвеститори и постојните кредитори.

Во мај годинава, во екот на пандемијата на корона вирусот, од Virgin Atlantic соопштија дека ќе ја згаснат својата главна база на лондонскиот аеродром Гетвик и ќе отпуштат околу 3.000 вработени.

- Advertisement -

Претходно годинава и друга авиокомпанија на Бенсон, Virgin Australia, прогласи неликвидност. Во април беше побарана судска заштита, а потоа во компанијата влезе американскиот инвестициски фонд Bain Capital, кој вети реструктурирање и спас на компанијата.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -