12 C
Skopje
среда, септември 30, 2020

Глобалното затоплување ќе убие повеќе луѓе отколку која било заразна болест

TMF desktop 19.08.2020

Ново истражување објавено од страна на Националното биро за економски истражувања покажа дека до крајот на овој век бројот на луѓе кои ќе починат од глобалното затоплување ќе го надмине бројот на починати од сите други инфективни болести заедно. Според студијата, високата и неконтролирана емиисија на стакленички гасови ќе го зголемат морталитетот во светот на 73 починати на 100.000 луѓе.

Истражувањето се фокусирало на смртните случаи на глобално ниво и на рекордните измерени темепратури. Податоците ја покажале врската меѓу затоплувањето и починатите луѓе. На пример студијата открила и покачување на бројот на смртни случаи за време на топлотните бранови.

Амир Џина, економист на Универзитетот Чикаго и коавтор на студијата, вели дека многу постари луѓе умираат поради индиректни топлотни удари. Тие се слични на КОВИД-19, односно ранливите категории и тие што имаат претходни заболувања.

Студијата исто така дискутира како ризиците на глобалното затоплување по здравјето на луѓето се најголеми во најтоплите делови од светот. Земјите во тропските предели како Гана, Бангладеш, Судан и Пакистан веќе имаат дополнителни 200 смртни случаи на 100.000 луѓе. За споредба, земјите како Канада и Норвешка имаат пониска стапка на смртност поради пониските температури. Тоа значи дека побогатите земји можеби ќе имаат помали ефекти на глобалното затоплување и покрај тоа што имаат поголем придонес за емисијата на стакленички гасови.

Сепак, дури и во генерално ладните, побогати нации ефектите од климатските промени се поизразени отколку се чини. Изминатите години топлотните бранови ги погодија и делови од САД, Европа и Арктикот. Проценките за временските услови покажуваат дека 2020 година може да биде најтоплата година откако постои мерење на температурите во светот, што значи ќе има повеќе жртви на затоплувањето отколку претходните години.

(Inhabitat, The Guardian)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •