Утре кино со автомобили во Велес

- Advertisement -

На паркингот на фабриката Smelt-Ing во Велес на 9 август (недела) од 19:30 часот ќе се одржи уште еден настан „Drive in cinema“ (Кино со автомобили), откако имаше голема посетеност на претходните две проекции. Како што информираат од тимот на Eventive, паркингот ќе биде отворен од 19 часот, по што сите во автомобилите ќе ги забавуваат диџеите Shorty P и Popeye.

Вечерта од 21:30 часот ќе биде проектиран филмот „The Beach Bum“ со Метју Меконахи, Снуп Дог и Мартин Лоренс. Се работи за комедија од 2019 година на режисерот Хармони Корин.

- Advertisement -

Повеќе информации и реазервации тука.

„Ве замолуваме да ги почитувате сите мерки пропишани од Министерството за здравство, за да го заштитиме јавното здравје и да покажеме свест и одговорност во овие тешки времиња“, соопштуваат организаторите на настанот.

- Advertisement -

Организаторите објавија и видео од претходното „Кино со автомобили“:

Сподели!
- Advertisement -