Ризикот од заболување со корона вирусот е три и пол пати поголем кај овие професии

- Advertisement -

Во рамките на студијата која ја објави списанието Lancet анализирани се податоци кои од 24 март до 23 април ги внесувале корисниците на посебни апликации во САД и Велика Британија. Болничарките и болничарите се три и пол пати поизложени на ризик од заболување со КОВИД-19 отколку остатокот од популацијата, а студијата покажала и дека има зголемен ризик меѓу етничките малцинства.

Меѓу 100.000 медицински сестри во болниците кои коирстеле апликација забележани се 2.747 заразени со корона вирус, додека меѓу 100.000 други корисници биле забележани само 242 заболени.

- Advertisement -

Кога ќе се земе предвид разликата во достапноста на тестовите за корона вирус меѓу болничарките и болничарите и остатокот од популацијата, авторите проценуваат дека меѓу медицинските сестри постои 3,4 пати поголема веројатност за позитивни резултати.

Тој ризик е дури пет пати поголем меѓу оние кои се припадници на етнички малцинства како Афроамериканци или Азијати, дури и кога се земе предвид нивната историја на болести, додаваат авторите.

- Advertisement -

„Нашите резултати ја покажуваат структурната нерамноправност во случајот на КОВИД-19. Болничарките и болничарите кои се припадници на малцинства почесто работат во ризична клиничка средина, со пациенти кај кои има сомнение или е потврден корона вирусот, а заштитната опрема честопати им е недостапна“ вели д-р Ерика Варнер од Медицинскиот факултет на Харвард и една од авторите на студијата.

Нееднаквоста во достапноста на заштитните маски, ракавици, наметки и друг заштитен материјал исто така е битен фактор при проценката на ризикот. Меѓу медицинските сестри кои користат неадекватен материјал рисикот е 1,3 пати поголем отколку кај оние кои имаат соодветна опрема, велат авторите и додаваат дека студијата е спроведена во време кога имаше недостиг од заштитна опрема.

- Advertisement -

Студијата покажала и дека секоја трета медицинска сестра која е припадник на малцинство немала пристап до соодветна заштитна опрема или морала повеќе пати да ја користи истата, додека кај другите немањето сооодветна опрема е случај кај секоја четврта медицинска сестра.

Во студијата на почетокот биле вклучени 2,6 милиони корисници на апликации во Велика Британија и во САД.

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -