Научници создадоа фластер кој менува боја кога ќе детектира бактерии

- Advertisement -

Научници создадоа нов вид на паметен фластер кој сигнализира каков вид бактериска инфекција се случува во телото со менување на бојата, исто како светлата на семафорот. Кога ќе ја детектира инфекцијата, испушта соодветен лек.

Истражувачите кои го направија фластерот се надеваат дека ќе помогне да се спречи резистенцијата на антибиотици, како и дека раните ќе се залечуваат многу побрзо.

- Advertisement -

Системот сличен на семафорите функционира така што зелената боја означува дека нема никаква или има ниска концентрација на бактерии, жолтата значи дека бактерии кои реагираат на стадардни антибиотици се наоѓаат во телото, а црвената значи дека во телото има бактерии кои се отпорни на антибиотици и треба да се преземе нешто друго.

Колку е посилна бојата, толку е поголема концентрацијата на бактерии. При тестирањето на фластерот на глувци, истражувачкиот тим успешно третирал неколку бактерии користејќи го новиот метод.

- Advertisement -

Ако се открие отпорност на некој лек, силен зрак светлина може да го активира испуштањето на високо реактивни видови на кислород со цел да се ослаби бактеријата, па така ќе бидат поподложни на антибиотикот во материјалот.

Антибиотиците се испуштаат кога ќе се детектира инфекцијата, а бидејќи отпорноста на антибиотици исто така може да се детектира, тоа значи дека може да се применат дополнителни методи пред бактериите да имаат шанса да мутираат и да се одбранат.

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -