Три карактерни црти кои треба да ги барате кај луѓето што ги вработувате на далечина

- Advertisement -

Како што се навикнуваме на новата реалност со пандемијата на КОВИД-19, менаџерите и директорите во компаниите кои порано одбивале да вработуваат луѓе кои ќе работат на далечина сега ги гледаат бенефитите кои ги носи таквиот начин На работа – од зголемената продуктивност до подоброто помнење.

Бидејќи начинот на работа брзо се менува, менаџерите одговорни за вработување признаваат дека работата на далечина не е за секого, затоа што некои преферираат да работат и да диксутираат лице во лице или пак, им е тешко да работат дома поради неможноста да се концентираат.

- Advertisement -

Затоа, регрутирањето и вработувањето се процеси кои мора да се сменат. Додека многу компании се потпираат на виртуелно интервјуирање, бизнис лидерите мора да размислуваат како ќе го сменат процесот на интервјуирање и прашањата за да се осигураат дека ќе ги најмат вистинските луѓе.

Најдобриот начин да го направат тоа е да ги реструктурираат прашањата за интервју, а ова се некои карактерни црти кои треба да ги бараат кај кандидатите.

- Advertisement -

1.Самомотивација – може ли да се мотивираат и да се менаџираат самите?

За кое било работно место работодавците вообичаено бараат кандидати кои можат самите себеси да се мотивираат, а тоа е особено битно за работењето на далечина, кога покрај себе немаат надредени. Многу вработени сега го менуваат начинот на кој функционираат. Наоѓањето на двигателот кој ги тера да работат квалитетно е вистински предизвик кога во домот има многу работи што им го одвлекуваат вниманието. Понатаму, способноста да одредат кои задачи имаат приоритет и како да се реорганизираат проектите и зададените рокови има голема улога во одржувањето на мотивацијата и балансот во работата.

- Advertisement -

2.Независност – дали работат самостојно или се тимски играчи?

Најуспешните кандидати се тие што покажуваат дека сакаат тимска работа, но можат и да работат самостојно. Кога се работи на далечина способноста да се работи самостојно е од суштинско значење. Кога се интрервјуира да работни позиции на далечина, не прашувајте само за кој стил на работа го преферираат, туку како се справуваат со ситуации кога ќе биде потешко да се надмине некој проблем затоа што не се во канцеларија.

3. Адаптација – како се прилагодуваат на работењето на далечина?

Третата најбитна карактерна црта која треба да ја процените на интервју е способноста на кандидатите да се адаптираат на работа во каква било средина. На пример, дали тие продолжуваат да продуцираат резултати додека менаџираат со сопственото време и распоредот на задачи без тешкотии? Понекогаш за тоа е потребна флексибилност да се работи по потреба, а не како во канцеларија од 8.30 до 16.30 часот.

Еден од најголемите бенефити на работењето е тоа што имате повеќе време да се посветите на хобија и на семејството. Идентификувајте ги кандидатите кои можат да најдат начини да се адаптираат и прилагодувајте ги распоредите на задачите во зависност од обврските по дома или некои други приватни ангажмани.

(Inc.com)

Сподели!
- Advertisement -