Започна со работа првиот 3Д Хаб во Македонија

- Advertisement -

Кон крајот на месец јули, започна со работа првиот 3Д Хаб во земјава кој промотивно нуди бесплатни обуки за сите студенти за 3Д печатење и моделирање, пренесува Маркетинг 365.

3Д Хабот е отворен за секој заинтересиран за 3Д моделирање, производство и продажба на 3Д  производи и делови.  Опремен е со неколку модели и големини на 3Д професионални печатари кои користат различна технологија и имаат различни технички карактеристики, соодветни компјутери со најсовремен софтвер за моделирање, CNC машини за финализирање на производите, како и машини за производство на филамент – потребен за изработка на било каков производ.р е к л а м а 

Опремата е достапна за користење за секој поединец, кој е  заинтересиран да навлезе во оваа технологија без која речиси и да не може да се замисли иднината.

- Advertisement -

3Д Хабот нуди практична настава во форма на обуки за 3Д моделирање и 3Д печатење. Обуките започнуваат денеска на 10ти aвгуст 2020, а во тек е отворен повик за пријавување на кандидати. За овие обуки не е потребно предзнаење на кандидатот. Секој заинтересиран може да се пријави и да ја погледне наставно-практичната програма на следниот линк: https://3dhub.mk/courses/.

Курсoт како тематски содржини ќе опфати темелно запознавање со основите на 3Д моделирањето и 3Д печатењето, изучување на софтвери и различни алатки за 3Д моделирање, изработка на модели како дел од практичните вежби* (*еден вид на идно портфолио на кандидатите кое понатака може слободно да биде искористено доколку кандидатот се одлучи да работи во полето на 3Д дизајнот и печатењето), 3Д печатење на модели за полесно изучување на технологијата на печатење, правилна припрема и користење на 3Д печатачите, производство на филамент за практично изучување на материјалите за 3Д печатење, нивните својства и намена.
Обуките ќе се одвиваат под менторство на меѓународно етаблирани професори од кои се сертифицирани за Autodesk 3DS Max Professional предавање на знаење.

- Advertisement -

За сите студенти, обуките во овој прв циклус на обуки се бесплатни!

Секој посетител на курсот има можност да се стекне „своја продавница на веб платформата на 3Д Хабот“ – место каде може да тргува, односно да ги продава своите креативни 3Д модели или предмети кои ќе ги изработи во 3Д Хабот.  Со ова всушност секој кандидат/ученик добива и бизнис можност и бесплатна платформа за промоција.  Платформата на 3Д Хабот е поврзана со многу други светски 3Д платформи за продажба на  3Д модели и продукти.

- Advertisement -

Дополнително, 3Д Хабот ќе нуди услуги на маркетинг за производите кои се дизајнирани и произведени (отпечатени) во 3Д Хабот, вклучувајќи: помош при постапка на подобрување на конкурентноста на производите, советување при брендирање на производ, целосно брендирање како и дефинирање на цена, испорака и промоција.

На овој начин, преку едукацијата, веб-продавницата и подготовката за производство и комерцијализација на 3Д моделите, членовите на 3Д Хабот добиваат уникатна можност за развивање на свој иден „занает“ и бизнис. Занает чија побарувачка на пазарот на трудот допрва следува и без кој е незамислива иднината на сите современи општества. Секој слушател/кандидат, по успешно завршување на курсот ќе има можност за професионален ангажман од страна на 3Д Хабот!

За секој заинтересиран подетално да се запознае со можностите кои ги нуди 3Д печатењето и како може да се вклопи во деловните процеси и работниот тек, како и да се запознае со опремата со која располага 3Д Хабот и процесот од производство на филамент до 3Д моделирање и 3Д печатење, во тек се отворени денови.

Посета на 3Д Хаб просторот кој се наоѓа во Скопје, може да се закаже на https://3dhub.mk/open-week/. Оваа иницијатива и овој проект е успешно препознаен и ко-финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој.

Сподели!
- Advertisement -