Македонскиот кардиохирург Сашко Јовев доби пиво посветено на него и на првата трансплантација на срце во Македонија

- Advertisement -

Во Шибеник, Хрватска, беше претставено првото шибеничко-македонско пиво Herz посветено на македонскиот кардиохирург Сашко Јовев, чија мајка е по потекло од Шибеник. Јовев на 23 мај го предводеше тимот од доктори кои успешно ја извршија првата трансплантација на срце во Македонија.

Tоа беше историски момент затоа што беше првата таква трансплантација кога било направена во Македонија. Спомен пивото го доби името Herz (срце на германски), а неговите креатори се вклучуваат во племенита мисија на поттикнување и афирмација на донорството во Северна Македонија.

- Advertisement -

Пивото го креираа крафт пиварниците Pivovarа 022 од Шибеник и македонските т.н. gypsy пивари Круме Ивановски и Димитар Јовановски од Скопје, сопственици на етикетата Hotch Potch, кои немаат сопствена пиварница. Пивото е креирано и направено во Шибеник, а е плод на креативната розаботка на две пиварници со различни стилови и пристапи кон крафт пиварството.

Herz е првото пиво во светот посветено на некој кардиохирург, на неговата екипа и на трансплантација на срце. Пивото е лесно, питко и свежо, а се разликува од стилот на двете пиварници. Станува збор за пиво нежно на непцето со префинет вкус и мирис кој му го дава цветот од камилица. Креаторите велат дека ова пиво е здраво за срцето ако се пие во умерени количини.

- Advertisement -

(Sibenski Slobodna Dalmacija)

(фото: Hotch Potch Facebook)

Сподели!
- Advertisement -