Нагло опаѓање на продажбата на фамерки во светот

- Advertisement -

За да се сведат на минимум контактите со други, луѓето главно остануваат дома. Во такви околности фармерките веројатно не се прв избор за излежување по дома. Луѓето се одлучуваат за функционална и удобна облека како што се пижамите и тренерките, освен во случај кога треба да направат некој видеоповик.

„Дури и пред појавата на корона вирусот луѓето што работат од дома главно носеа иста облека за вежбање, за работа и преку викендот“ вели Марија Руголо, аналитичарка на индустриска облека во NPD Group.

- Advertisement -

Продажбата на фармерки бележи нагли пад поради епидемијата, исто како и останатите парчиња облека кои се вообичаени за канцелариска работа или друго работно место. Неколку продажни синџири кои продаваат фармерки веќе поднесоа барање за банкрот откога почна пандемијата.

Затворањето на продавниците на подолг период и работењето од дома се покажаа многу штетни за трговците кои се фокусираат на ова парче облека.

- Advertisement -

„Индустријата за фармерки сега има прилика за си поигра со факторот удобност. Тоа ќе помогне да се извлече оваа индустрија“ вели Руголо.

Иако пандемијата ги стави производителите на фармерки во ризичните групи, Руголо вели дека, сепак, премногу е рано тоа да се прогласи за крај на фармерките.

- Advertisement -

„Трендот на фармерките нема никогаш да изумре. Тие се основно парче облека повеќе од 100 години“ додава Руголо.

Освен тоа, како што наведува, во даден момент луѓето сигурно ќе се уморат од носењето тренерки и пижами.

(Bizlife)

(фото: Ready Elements)

Сподели!
- Advertisement -