Највредната нафтена компанија во светот изгуби повеќе од 70% од вредноста

- Advertisement -


Саудискиот нафтен гигант Saudi Aramco пријави пад на нето-добивката од 73,4% во вториот квартал од 2020 година во однос на претходната година поради рушењето на цената на нафтата предизвикана од пандемијата. Таа јавна компанија објави дека има нето-добивка од 6,6 милијарди долари за периодот април-јуни 2020 година, додека во исто време минатата година добивката била 24,7 милијарди долари.

„Турбуленциите поврзани со намалената побарувачка и падот на цената на нафтата ги одразуваат нашите резултати во второто тримесечје“, изјави генералниот директор на Saudi Aramco, Амин Насер.

- Advertisement -

Нето-добивката на Saudi Aramсо во првата половина од годината падна за 50%, на 23,2 милијарди долари во однос на 46,9 милијарди долари во истиот период минатата година. Приходите од нафта во Саудиска Арабија, која е најголем извозник на таа суровина во светот, тешко се погодени до двојниот шок на падот на цената поради трговската војна пред пандемијата и намалувањето на производството потоа.

Цените на нафтата во април и мај достигнаа најниско ниво за неколку децении: под 20 долари за барел поради падот на побарувачката како резултат на пандемијата од новиот корона вирус. Цените се искачија на околу 44 долари за барел кога неколку земји кои се производители на нафта од картелот Опек прифатија да се намали производството.

- Advertisement -

Саудиското производство на нафта падна на 7,5 милиони барели дневно во јуни, додека просекот минатата година бил 10 милиони. Saudi Aramсo прв пат беше котирана на саудиската берза во декември лани, што беше најголемо излегување на берза во светот – компанијата тогаш доби 29,4 милијарди долари со продажба на 1,7% од акциите. Saudi Aramсо местото најскапа компанија во светот го изгуби минатата недела, кога капитализацијата на Apple достигна 1,900 милијарди долари, додека вредноста на саудиската компанија достигна 1,760 милијарди.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Saudi Aramco)

Сподели!
- Advertisement -