Мајкрософт го издвои УГД како пример за брз премин во онлајн учење

- Advertisement -

Со 100.000 часа аудио настава, 50.000 часа видео настава и 11.000 онлајн предавања, компанијата „Мајкрософт“ го издвои Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип како позитивен пример за брз премин кон онлајн учењето.

Универзитетот од почетокот на пандемијата со Ковид-19 многу бргу се преориентира на онлајн учење и ги ангажира сите капацитети за тоа да се реализира.

- Advertisement -

„Со 15 факултети и преку 9.000 студенти „Гоце Делчев“ е еден од најдобрите универзитети во Северна Македонија. Со учење на далечина овој Универзитет почна да експериментира во декември 2019 година. Во март 2020 година повеќе од 4.400 студенти и 360 предавања активно се одржуваа онлајн користејќи ја Мајкрософт 365 платформата. Со ова Универзитетот „Гоце Делчев“ е првиот универзитет во Северна Македонија кој без никаков проблем се префрли на учење на далечина задоволувајќи ги потребите на студентите во свет во кој побарувањата од дигитални алатки се сè поголеми“, се вели во соопштението на „Мајкрософт“.

Универзитетот промената од физичко во учење на далечина ја направи многу бргу, па веќе првата недела по затворањето на универзитетите,  УГД го направи првото онлајн предавање.

- Advertisement -

„Ни требаше решение и тоа многу бргу. Не смеевме да го запреме образовниот процес. Имавме огромна поддршка и од канцеларијата на „Мајкрософт“ во Македонија и преку тоа делувавме многу бргу“, истакна Јордан Тиквешански, заменик раководител на Одделот за ИТ на „Гоце Делчев“.

Универзитетот направи и истражување за тоа дали студентите се задоволни од онлајн алатките и доби позитивни одговори.

- Advertisement -

Преку 67 % од студентите очекуваат дека и во иднина онлајн алатките ќе бидат дел од нивната редовна настава. Уште пред почетокот на кризата УГД имаше некои дигитални решенија кои беа во функција. Студентите и професорите комуницираа преку решенија на „Office 365“, а се користеа и „SharePoint“ и „OneDrive“. „SharePoint“ се користеше за полесна соработка меѓу професорите и студентите и размена на материјали.

„Сите корисници на студентите и професорите ни беа веќе синхронизирани со „Azzure Active Directory“, па затоа нам ни беше многу лесно и едноставно да започнеме со користењето на „Teams“. Употребата на „Teams’ во образовниот процес се наметна како природна потреба“, нагласуваат од Универзитетот.

Универзитетот „Гоце Делчев“ е единствената високообразовна институција од Македонија која е издвоена од Мајкрософт како пример за брз трансфер на образовниот процес во време на Ковид-19.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -