Русите најавуваат дека првите дози од вакцината против корона вирусот ќе бидат готови за две недели

- Advertisement -

Рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко, изјави дека првата серија од долгоочекуваната вакцина против корона вирусот ќе биде произведена и спремна за користење за две недели отсега.

„Денес се во тек тестови за контрола на квалитетот. За две недели ќе биде пуштена првата серија од лекот и ќе биде испорачана за вакцинација на здравствените работници, кои спаѓаат во најризичните групи“ вели министерот.

- Advertisement -

Тој нагласи дека вакцинацијата ќе биде доброволна за сите, вклучувајќи ги и лекарите, и додаде дека се развива посебна апликација за следење на здравствената состојба на сите граѓани кои ќе примат вакцина. Апликацијата исто така ќе ги надгледува можните штетни ефекти кај луѓето кои ја зеле вакцината.

Мурашко истакна дека вакцината примарно ќе се користи за да се задоволи побарувачката во Русија, но не се исклучува и извоз на лекот. Исто тка, напомена дека критиките за вакцината од странство се неосновани и се предизвикани од стравот од чесна конкуренција.

- Advertisement -

Претседателот Владимир Путин изјави дека Русија е првата земја во светот која доби одобрение за производство на вакцина против КОВИД-19, после два месеци тестирања на луѓе. Вакцината уште ги нема поминато последните тестирања. Само околу 10% од клиничките тестирања биле успешни и некои научници сега се сомневаат дека Москва го става националниот престиж пред безбедноста на луѓето.

Вакцината се вика Sputnik, а ја разви Истражувачкиот институт Гамалеја. Масовното производство на вакцината веќе започна во фармацевтската фабрика Binnopharm на компанијата AFK Sistema. Се очекува дека вкупното производство ќе достигне 500 милиони дози во првите 12 месеци.

- Advertisement -

Изминатиот период вакцината се најде на удар на критики за безбедноста и ефективноста. Критичарите велат дека Русија одела по кратки непроверени патеки при развојот на вакцината, како и дека тоа што побрзале со производството на вакцината е резултат на притисокот што го врши Кремлин со цел Русија да се наметне како глобална научна сила.

Русија нема објавено никакви нбаучни податоци за развојот и тестирањето на вакцината. И покрај тоа, како што пишува CNN, најмалку 20 земји и повеќе американски компании се заинтересирани за вакцината.

(Bizlife, CNN)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -