Велосипедистите во Амстердам ќе добијат подводен тунел

- Advertisement -

Ова е IJ Klopper, футуристички тунел во Амстердам со драматичен спирален влез кој е наменет само за велосипедисти. Проектот за тунелот беше предложен од страна на архитектонската фирма Syb van Breda & Co. со цел да ги поврзе станиците Централната станица Амстердам и Амстердам Север.

Импресивниот тунел има спирален систем со 50 метри широк кружен дел на секој крај. Пешаците исто така можат да го користат тунелот и да се движат по посебни ленти преку кои имаат пристап до лифтови, скалила и подвижни скали.

- Advertisement -

Ова архитектонско чудо можеби е малку потешко за искачување и зилегување од тунелот, но е одлична блага падина за велосипедистите. IJ Klopper ќе го среди и проблемот со покачениот сообраќај во регионот и ќе помогне да се намали оптовареноста на водниот сообраќај, кој илјадници велосипедисти го користат секој ден.

IJ Klopper исто така е трипати поевтино решение отколку изградбата на мост. Тунелот беше првично предложен на средината на 2019 година, но Советот на Амстердам го одложуваше носењето одлука. Сепак, надвладеа јавниот притисок и мораше да се најде решение.

- Advertisement -

(Tech That Matters)

(фото: Syb van Breda & Co )

Сподели!
- Advertisement -