12 C
Skopje
среда, септември 30, 2020
TMF desktop 19.08.2020

„Мк.точак“ – интерактивна мапа со патеки, сервиси и паркиралишта за велосипеди

13/08/2020 – 17:10#МЛАДИВЕСТИГРАЃАНИ

Започна да функионира платформата „Мк.точак“ – интерактивна мапа на која може да се најдат информации за велодипедски патеки, сервиси, паркиралишта и сè што е поврзано со велосипеди.

Како што пренесува Радио МОФ, нејзин автор е младиот Данило Најков од Скопје кој ја направил платформата за време на карантинските денови во Скопје кои се воведоа поради појавата на Ковид-19.

Идејата, вели тој, е при означување на вело патеките да се даде и подетален приказ за нив, односно дали се во добра или лоша состојба. Покрај ова, мапата дава информации и за тоа каде има паркинзи за велосипеди.

„Мислам дека тоа ќе им помогне на луѓето ако одат некаде, да знаат каде да го остават точакот, да не губат време барајќи место. Има опција кој било да додава патеки“, вели Најков за Радио МОФ, додавајќи дека на мапата може да се означуваат и „офф роуд“ патеки.

Платформата овозможува на едноставен и лесен начин да се внесат податоци и секоја активност носи одредени вело поени. Тој, пак, е задолжен да провери дали се точни информациите што се поставуваат и ако е во ред, се додаваат на главната мапа.

Најков се надева дека во иднина властите ќе направат повеќе вело патеки низ целиот град, не само на главните булевари. Периодов Најков контактира со сервиси и продавници за велосипеди, така што граѓаните кои ќе помогнат во развивањето на мапата да добијат поени, а со нив и попусти.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •