Американскиот центар за контрола и превенција на болести неодамна ги ажурираше своите совети и објави дека оние кои преболеле од КОВИД-19 безбедно можат да се движат и да се дружат со други луѓе во текот на три месеци, пренесува New York Times.
Тоа е извонреден додаток на претходните совети на агенцијата и прва објава дека имунитетот на вирусот трае барем три месеци. Во јуни една студија покажа дека нивото на антители во организмот може да падне за два до три месеци кај луѓето кои оздравеле од корона вирусот кои имале благи симптоми или воопшто немале симптоми.
Меѓутоа, антителата можат и понатаму да бидат присутни во помали количини, вклучувајќи и под нивото на детекција. Најновите податоци на Центарот се малку поинакви.
Имено, луѓето кои биле позитивни на тестот не треба да одат во карантин ниту повторно да се тестираат за три месеци ако повторно не покажат симптоми. Тие кај кои повторно ќе се јават симптоми во рок од три месеци од првата појава на КОВИД-19 ќе треба повторно да се тестирааt ако нема друга причина за нивните симптоми.
Другите корона вирусо, вклучувајќи ги и оние кои предизвикуваат САРС и МЕРС имаат антитела кои, како што сметаат научниците, траат околу една година. Студијата објавена во јуни откри дека луѓето кои закрепнале од новата инфекција можат безбедно да се вратат на работа, но и понатаму не е јасно колку долго може да бидат заштитени.
(Dnevnik.hr)
(фото:Wikimedia)