Средношколци ќе обучуваат професори и наставници за корисни алатки за онлајн настава

- Advertisement -

Група на средношколци кои се членови на Компетитивниот Колеџ клуб наредниов период ќе обучуваат професори и наставници да користат алатки како ZOOM, Skype, Edmodo, Google documents, Google forms, Gmail и Google Classroom со цел онлајн наставата да се одвива без проблеми.

Тие во мај анкетираа над 400 наставници и професори oд Македонија и ги прашаа за потешкотиите во спроведувањето на онлајн наставата во основните и средни училишта низ државата. Токму одговорите што ги добиле ги поттикнало да ја креираат програмата насловена „Успешно онлајн училиште“.

- Advertisement -

Оваа програма опфаќа две фази: во првата фаза, во периодот од 14 – 31 август, учениците ќе креираат видео туторијали кои ќе им помогнат на наставниците и професорите да се запознаат подобро со онлајн платформите.

„Сé што треба да направите доколку предавате во основно или средно школо и сакате ефикасно да ги користите овие платформи, е да кликнете „interested“ на овој настан со што ќе добивате нотификација за секој нов постиран видео туторијал. И се разбира да го споделувате настанот со вашите колеги кои ќе научат повеќе за ефикасно корситење на онлајн платформите за настава“, стои во настанот.

- Advertisement -

Втората фаза, пак, ќе започне во септември и ќе опфати интерактивни презентации со професори-експерти за онлајн настава. Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Сподели!
- Advertisement -