Статистиката бележи најголем пад на потрошувачката во ЕУ и еврозоната од 1999 година

- Advertisement -

Реалната потрошувачка на домаќинствата по глава на жител во првиот квартал од 2020 година во земјите од еврозоната, падна за 3 процентни, а на подрачјето на целата ЕУ за 2,9 процент, објави Европската канцеларија за статистика, Евростат.

Ова е период кога на сила беа широки мерки за заштита од ширењето на вирусот COVID19 и дека станува збор за најголем пад на потрошувачката на домаќинствата во ЕУ од 1999 година и почетокот на мерењето на таквата статистика. Евростат наведува дека во истиот период имало зголемување на бруто расположливиот приход кај домаќинствата во Еврозоната за 0,9 проценти, а на ниво на ЕУ за 1,2 проценти.

- Advertisement -

Објаснето е дека на зголемувањето на приходите позитивно влијаело намалувањето на тековните даноци и нето социјалните давачки, но и зголемувањето на социјалните исплати на државата. Во првиот квартал на 2020 година, стапката на заштеда на домаќинствата во Еврозоната и ЕУ се зголеми за 4,3 проценти во однос на четвртиот квартал од 2019 година. Најголем пораст е забележан во Белгија, Данска и Холандија, а најмал во Полска, Шведска и Чешка.

Падот на индивидуалната потрошувачка на домаќинства е најизразен во Италија, Шпанија и Белгија, а потоа следи Франција. Бруто расположливиот приход се зголемуваше во Полска, Данска, Чешка, Ирска, Холандија и Финска, а се намалуваше во Шпанија, Италија, Португалија, Германија и Австрија.

Сподели!
- Advertisement -