На YouTube може да се видат видеа на возачи во Тесла автомобили кои спијат за време на возењето и воопто не ги гледаат условите и сообраќајот на птот. Сите одлуки за управување на возилото ги препуштаат на компјутерот кој управува со автомобилот и на технологијата. Иако во Тесла таа опција ја нарекуваат автопилот, не станува збор за автопилот туку за асистент во возењето на кој возачите не би смееле да му го препуштат воланот, правило што многумина не го почитуваат.
Cruise Origin
Ваков автомобил уште не сте виделе. Нема волан ни педало за гас и кочница. За две години возачите би можеле слободно и без страв да ги кренат рацете од волан, да го тргнат погледот од патот и иако седат на возачкото место, возењето да го препуштат на автомобилот односно на компјутерот. Такви се најавите од Volvo кои од 2022 година во дел од автомобилите базирани на SPA 2 модуларната архитектура ќе вградат LiDAR кој веќе се користи во некои автономни возила кои се тестираат. LiDAR емитува светлосни ласерски бранови и врз база на повратни сигнали го мапира просторот.
Тест возилата на Форд кои користеле LiDAR успеале без проблем да го совладаат автономното возење во тешки услови како темница и снег. Во соработка со Убер, Волво веќе користи LiDAR во автономните автомобили кои се тестираат во САД и во компанијата сметаат дека токму LiDAR е клучен во развојот на автономни возила.
Треба да се напомене дека во новата генерација Волво возила во автономно возење ќе може да се ужива само во одредени ситуации, односно ситуации во кои самиот автомобил ќе процени дека е доволно безбедно целосно да ја преземе контролата. За почеток тоа би требало да биде само на автопати, а со тек на време и со натамошна надградба ќе има повеќе ситуации во кои кои луѓето ќе можат да ги кренат рацете од волан и возењето да го препуштат на компјутерот.
Револуција на улиците во Доха
Автономниот јавен превоз ќе стартува во 2022 година. Наскоро Волво ќе може да вози автономно на патиштата за кои автомобилот ќе одлучи дека е безбедно, рече Хенрик Грин, извршен директор на Volvo Cars. Тој смета дека “автономното возење има потенцијал да биде една од технологиите која ќе спаси најмногу животи ако се претстави на одговорен и безбеден начин“, поради што треба да се воведува внимателно и претпазливо за луѓето да се навикнат.