Институтот за истражување во областите животна средина, енергетика и градежништво – ИЕГЕ основан од Градежниот институт Македонија (ГИМ) – долгогодишна и реномирана членка на Стопанската комора на Македонија, објави повик за доделување стипендии за учество во професионална европска едукативна програма за „Развивање на еко вештини за зелена економија.
Оваа програма овозможува надградба на еко знаењата и личен и професионален развој на учесниците, а целта е создавање на конкурентни кадри кои преку својот професионален развој ќе придонесат за поголема одржливост на организацијата и општеството.
Учесниците на програмата е предвидено да се стекнат со релевантни еко вештини и истата е приспособена за кандидати кои веќе имаат базично искуство во областа на одржливоста, отпадот и енергетската ефикасност.
Институтот ИЕГЕ доделува 20 (дваесет) целосни стипендии за заинтересирани кандидати кои ќе имаат можност да учествуваат во интерактивна настава водена од искусни професори со примена на иновативни практики и современи алатки.
Програмата се состои од следните предмети:
1. Одржлив живот и зелени вештини;
2. Менаџирање со отпад;
3. Менаџирање со енергија.
Секој предмет ќе биде реализиран со комбинирано учење: е-учење, теренски активности и училница. Програмата ќе се спроведува на македонски јазик, во септември 2020 година со спроведување на посебни мерки за заштита од КОВИД-19.
За критериумите и начининот на аплицирање за учество во програмата на следниот линк.