Кинески Вухан повеќе не се плаши од корона вирусот – беше одржан концерт на отворено со илјадници фанови

- Advertisement -

Илјадници луѓе стоеја блиску еден до друг во воден парк во Вухан, градот каде што почна пандемијата на корона вирусот. Во текот на викендот се одржа концерт без социјално дистанцирање помалку од шест месеци после почнувањето на пандемијата во овој кинески град.

На фотографитие на социјалните мрежи направени во водениот парк Playa Maya може да се видат кинеските туристи кои пливаат или пловат по водата без да носат маски и без да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање, мерки кои сега се на сила во сите земји зафатени од вирусот.

- Advertisement -

Повеќе луѓе во водениот парк носеа очила за нуркање и елеци за спасување отколку заштитни маски во период додека се уште трае пандемијата на КОВИД-9 во светот. Во други делови од светот критичарите ги нарекуваат таквите луѓе „ковидиоти“. Сепак, од Вухан тврдат дека ефективно го спречиле ширењето на корона вирусот, па затоа можат да си дозволат повторно да се забавуваат како порано.

Глобалната пандемија уби околу 800.000 луѓе во светот и да доведе светската економија буквално на колена. Кина тврди дека тие во најголема мера го ставиле вирусот под контрола во целата земја, додека во САД, на пример, вирусот беснее повеќе отколку каде било во светот.

- Advertisement -

Вухан, првичното жариште на КОВИД-19, почна да се враќа во нормала после строг карантин од 76 дена на почетокот на годинава. Главниот град на провинцијата Хубеи е дом на 11 милиони луѓе. Од средината на мај годинава досега во Вухан и во провинцијата Хубеи нема нови случаи на корона вирус.

Градскиот воден парк Playa Maya почна со работа во јуни и работи со 50% од капацитетот.

- Advertisement -

(Global News)

(фото: Playa Maya)

Сподели!
- Advertisement -