Извозниците бараат алтернативни начини за промоција на македонските извозни продукти

- Advertisement -

Работна средба на претставници на компании-членки на Клубот на извозници при Стопанската комора на Северна Македонија со Арбен Виља, директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија и претставници на Агенцијата.

Во Стопанската комора на Македонија се одржа работна средба на којашто учествуваа претставници на компании од Клубот на извозници при Стопанската комора и претставници на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот за дефинирање на приоритетните активности за извозна поддршка на домашните компании.

- Advertisement -

„Сакам да ја изразам нашата подготвеност за реализација на нови заеднички проекти и очекувам дека од денешните дискусии ќе произлезат конкретни барања, предлози и идеи кои ќе ги имплементираме во нашиот Предлог-буџет за следната година, со единствена цел да додадеме вредност на извозниот ,процес и на тој начин да ги помогнеме домашните компании“ – нагласи директорот на Агенцијата Арбен Виља, во неговото обраќање до извозниците.

Со оглед на неизвесноста за одржување саемски манифестации и останати вообичаени форми на промоција, претставниците на бизнисот дадоа свои предлози и идеи со барање за понатамошно делување на Стопанската комора на Македонија и Агенцијата.

- Advertisement -

„Поради настанатата криза со коронавирусот, повеќето планирани саемски манифестации до крајот на 2020 година и почетокот на 2021 година се откажани со што се јавува потребата за пренамена на средствата планирани за поддршка на извозните активности на домашните компании“, истакна претседателот на Клубот на извозници, Глигор Цветанов. Тој додаде дека во наредниот период компаниите своите активности ги насочуваат кон дигитализација на процесите и зголемување на конкурентноста користејќи „онлајн“-алатки за промоција и продажба на производите.

Присутните компании порачаа дека во наредниот период треба да се фокусираат активностите кон потпомагање на компаниите во делот на дигитализацијата и имплементацијата на напредни технологии, настап на виртуелни саеми, изработка на „онлајн“-презентации и маркетинг стратегии за промоција на македонските компании и брендови на странските пазари, изработка на стратегија за настап на „онлајн“-пазари преку „онлајн“-продажба и обезбедување на поголема поддршка за зголемување на конкурентноста на домашните компании.
На средбата беше презентирана и новата веб-страна на Агенцијата со порталот за промоција на извозот, како и мерките за финансиска поддршка со акцент на пораст на конкурентноста на компаниите за освојување нови пазари и пораст на продажбата.

Сподели!
- Advertisement -