Хрватските пржени компирчиња Surf’n’Fries наскоро ќе се продаваат во Америка, Велика Британија и во Франција

- Advertisement -

Хрватскиот синџир за брза храна Surf’n’Fries во текот на карантинот остана без приходи, но кризата ја преброди со создавање на нови шанси. Имено, од неодамна потрошувачите можат сами да си направат помфрит, и тоа на плажа за само 35 секунди. Поточно, Surf’n’Fries кон крајот на минатиот месец на плажа во Црквеница претстави апарат за правење помфрит.

Андрија Чолак, кој го основаше овој синџир за брза храна, кој во Хрватска денес има 24 франшизни објекти од вкупно 54 на светско ниво, објаснува дека проектот е стартуван пред три години во соработка со домашната компанија Integra. Бидејќи целата индустрија бара начини за автоматизација на процесите, и тие тргнале во тој правец.

- Advertisement -

„Станува збор за пилот верзија и го нуди само најосновното – помфрит, зачин и сос. Идните верзии би требало да нудат поширок избор. Баравме летна локација која е блиско до Риека за полесно да ја следиме машината и однесувањето на купувачите. Monty’s Dog Beach е одличен избор затоа што сам по себе е поинаков и одговара на нашите критериуми за тест-локација, а првите реакции се позитивни. Немаме очекувања во однос на продажбата затоа што првенствено ова е технички тест за многу сложена машина. Засега можевме да забележиме дека повеќето купувачи се туристи“, вели Чолак.

После летото планираат да тестираат на локации како автобуски станици и трговски центри, со што ќе ги добијат потребните податоци за перформансите на машината и за реакциите на купувачите.

- Advertisement -

„Во некои земји каде што работиме, како Индија, уште се на сила строги мерки за карантин и таму работата е отежната. На некои пазари луѓето се свртеа на онлајн-продажба, а нашиот производ нема карактеристики за достава. Ние ја гледаме иднината и каде се приликите со оглед на ситуацијата. Ги засукавме ракавите и почнавме да работиме на освојување на пазарот во САД. Позитивното на ситуацијата со КОВИД-19 е тоа што можевме да оствариме контакт со над 150 контакти и сме пред потпишување на договор за франшиза на американскиот пазар“ објаснува Чолак.

Тие веќе потпишале договор и со компанија од Велика Британија и Франција.

- Advertisement -

(Poslovni Dnevnik)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -