Недопрените природни убавини на македонските планини, кампување под отворено небо, дружење, забава и авантура. Ова е само краток опис на возбудливите планинарски тури кои во текот на август и септември ќе ги организира здружението I love hiking со поддршка на Алвоген О.Р.С.
Две од вкупно четирите планирани тури веќе се одржаа. Кампинг акцијата Рудока на падините на Шар Планина и кампингот на Големото Езеро на Пелистер беа масовно посетени и понудија вистинско уживање за вљубениците во природата.
Претстојниот викенд, на 22 и 23 август, повторно се организира тура на Шара. Овој пат ќе се кампува во областа Лешница која е препознатлива по погледот кон карпестите врвови, бујната шума во околината и атрактивните пештерски базени. Оваа тура е отворена за сите кои сакаат да минат викенд надвор од градскиот асфалт и да уживаат во убавините на Шар Планина.
Иако се работи за планинарски тури кои се лесни, летно време при ваков тип физичка активност може да дојде до дехидрирање на организмот. За таа цел, овие настани се поддржани од Алвоген кој обезбеди електролити Алвоген О.Р.С. за сите учесници на настаните.
Целта на I love hiking и Алвоген е со организација на овие настани да поттикнат што е можно поголем број луѓе да излезат и да уживаат во природа. Ваквите физички активности се особено корисни во време кога сè уште се соочуваме со кризата предизвикана од корона вирусот. Токму затоа, мотото на планинарските тури е „Испоти се во природа“.
Повеќе детали за планинарските тури се достапни на Фејсбук страницата на I love hiking.
Повеќе информации за електролитите Алвоген О.Р.С. на https://www.facebook.com/alvogenorsmk