Словенечкиот иноватор Зоран Дерновшек направи заштитна маска која го прочистува воздухот во маската и би можела да е максимална заштита од вируси!

- Advertisement -

Автор – Зоран Дерновшек, иноватор

Во време на пандемијата, заштитните маски станаа вистински хит. Сепак, тие изнесоа на виделина еден куп прашања и дилеми, бидејќи многу луѓе не го разбираат вистинското значење на потребата од заштита и поради тоа шират информации за државна принуда, дресура, итн.

- Advertisement -

Да погледнеме неколку општи факти:

• употребата на заштитни маски го намалува пренесувањето на ситните капки со патогени (вируси, бактерии, габи) и поради тоа ја намалува можноста од пренос на инфекции. Се разбира, можноста за инфекција зависи и од други фактори, како што се: концентрацијата на патогени, состојбата на имунолошкиот систем на поединецот, степенот на токсичност на телото на поединецот (односно, киселоста на телото)

- Advertisement -

• Во општа употреба се заштитните маски кои се изработени според концептот на „сува маска“, што значи дека влагата која се ослободува за време на дишењето, исто така, има директен негативен ефект врз дејството на маската

• актуелниот концепт на „сува маска“ ги следи сите постоечки стандарди

- Advertisement -

Теориите на заговор тврдат дека заштитните маски се непотребни. Во обид пандемијата да добие повисока стапка на смртност, некои лица имаат личен интерес да ги спречуваат луѓето да користат заштитни мерки. Истата таа нарација ги етикетира сите оние кои се однесуваат самозаштитнички и одговорно како „овци“. Исто така, оваа категорија заштитните маски ги нарекува „нарилници“. И ова именување е потполно погрешно, бидејќи нарилниците се користат за животните за да се спречи каснување, што секако нема никаква врска со самозаштита.

На почетокот на пандемијата, самиот предизвикувачки агенс (вирусот SARS-Cov-2) беше релативно непознат. Релативно, бидејќи веројатно им беше добро познат на кинеските власти, кои сепак селективно и непотполно го известија светот за вирусот. Интересно е да се напомене дека Кина е најголем производител на суви маски во светот, така што ја искористи кризата за да ги зголеми цените на основната заштитна опрема, која другите земји ја немаат во доволни количини.

Сепак, некои забелешки за носење на заштитни маски имаат и реална научна основа.

Сувите маски се изработуваат по принципот на постигнување на повисоко ниво на заштита преку помала пропустливост (помали дупчиња), а во моментов за најдобри се сметаат маските N95, кои би требало да задржат околу 95% од сите патогени кои ги напаѓаат луѓето (од надвор кон внатре).

Несаканите ефекти од ова се:

• внатрешноста на маската се навлажнува по една минута дишење

• во „џебот“ на маската кој се наоѓа пред устата, се акумулира дел од издишениот СО2 (јаглерод диоксид), кој луѓето повторно го вдишуваат (според студијата направена во Оксфорд, ова го намалува внесот на кислород за 8-20%)

• подолготрајна употреба на овие маски доведува до самотруење со CO2

• по првата минута, разни патогени „се налепуваат“ на надворешниот слој на маската

• ако ја поместиме маската (ако го допреме надворешниот слој), ги пренесуваме овие патогени на прстите

• издишаните (сопствени) патогени, исто така се акумулираат на внатрешниот слој на маската и нивната концентрација се зголемува со текот на времето

• ако маската е навлажнета преку сите слоеви, патогените се пренесуваат од надворешниот слој, преку водената мембрана, до внатрешноста на маската

• поради тоа сувите маски треба да се користат само кратко време, а потоа да се фрлат во корпа за отпадоци (финансиски товар врз корисниците)

• маските се распаѓаат многу долго време, според некои информации дури и стотици години (еколошки товар врз животната средина)

Со сите горенаведени информации, не може да игнорираме некои факти кои се резултат на несаканите ефекти од употребата на сувите маски.

Неправилно носење на заштитни маски (маската не ги покрива устата и носот), маската не се носи во затворен простор или се носи неправилно. Употреба на разни импровизирани маски направени дома, марами, итн. Се разбира, сето ова е заради креативност, избегнување казни, итн. – но, не и за вистинска заштита.

Сепак, дали некој навистина верува дека може да се заштити со маска направена од еластичен материјал или од обична ткаенина за облека (па, дури и од чипка)? Овие маски никого не штитат, а најмалку оној кој ја носи, а на луѓето наоколу им остава погрешниот впечаток дека некој активно спречува пренос на инфекции (и тие потоа можат да ги заразат останатите).

Со оглед на тоа што од самиот почеток ја следам состојбата на пандемијата и, исто така, во февруари оваа година бев во карантин во Италија, уште на почетокот ги почувствував на сопствената кожа овие проблеми со заштитните маски.

Мојот прв чекор беше да се обидам да набавам маски кои се перат и кои ги задоволуваат стандардите – тие мора да бидат изработени од медицински памук, издржлив при перење, а механичкиот степен на заштита на еден слој мора да биде најмалку 80% или повеќе.

Никој нема да биде изненаден кога ќе дознае дека овие маски не може да се купат на пазарот, во аптеките само одмавнуваа со главите, а потоа ми нудеа суви заштитни маски (хируршки или за работа со храна) за единечна употреба, кои во затворен простор треба да се менуваат на секои 2-3 часа.

Кога проблемот станува предизвик, се наоѓа решение

Малкумина знаат дека како дел од моите проекти VINS (легла за животни) и HEDS (канализација, деконтаминација на земјиште и вселенска технологија), пред неколку години (2014 година) во проектот HEDS Space, развив формула што овозможува рециклирање на јаглерод диоксид и негово претворање во кислород, во реално време. Јас го нареков ХЕДС Производство на вселенски кислород (HEDS Space OxyP).

Кога сфатив дека клучниот проблем со заштитните „суви маски“ е всушност отежнато дишење и изложеност на труење со СО2, добив идеја да ја искористам оваа формула за да го решам проблемот. Се разбира, веќе имав неколку позитивни искуства од времето кога ја развив споменатата формула, која јасно покажа дека има и некои позитивни залихи во процесот на претворање на СО2 во О2.

Повеќето од моите формули функционираат на „влажен принцип“. Поради тоа, беше неопходно да се дизајнира маска која ќе одговара на овој принцип.

За да направиме заштитни маски употребивме два слоја на медицински памук, заверени во ЕУ. Надворешниот слој е погуст (има поголема механичка заштита, внатрешниот е малку потенок и, исто така, има и џеб за дополнителен филтер кој ја користи формулата HEDS Space OxyP („активатор“). Активаторот се вади од џебот пред перењето и се враќа назад во маската по перењето.

Маската е дизајнирана така што не се лизга, добро се прилепува на носот и брадата, се поставува со еластични врвци околу главата. На почетокот планиравме три големини (мојот партнер во проектот е текстилен работник со искуство во производство на заштитни маски кои се перат): за деца, жени, мажи (S, M, L). Во зависност од серија тестови, на овие големини ќе додадеме и XS (за деца од 1-5 години) и XL (за луѓе со големо лице).

Формулата веќе го докажа дејството на претворање на СО2 во О2, а при употреба на тест модели на маската може да се забележи неколкучасовно непречено дишење, но кога ќе ја извадите маската, првично се чувствувате како да нема доволно кислород во воздухот околу вас, како да се качувате на некоја планина. Една верзијата на оваа формула беше тестирана во лаборатории, стерилизирајќи патогени за 10 милисекунди, откако ќе додадевме вода.

Целата маска, како производ, сè уште е во процес на сертификација, но првите резултати сугерираат дека би можела да биде првата заштитна маска N100 во светот. Имајќи 100% заштита, функционира во обете насоки, и од надвор кон внатре и обратно.

Како функционира сето ова?

Кога ја добиваме маската, таа е сува. Сè додека маската е сува, активаторот е во режим на хибернација и не е активен. Кога ќе почнеме да дишеме во маската, активаторот започнува да работи, бидејќи е активиран од влагата која ја издишуваме (исто така може кратко време да се прска со спреј за цвеќиња пред употреба) и, на тој начин започнува претворањето на CO2 во O2 (кислород). Влагата што ја издишуваме создава водена мембрана во внатрешниот и надворешниот слој на маската која ги покрива дупките во ткаенината, така што патогените се задржуваат во неа. Во случајот со „сувата маска“, ова би значело закана поради тоа што патогените може да навлезат во човечкото тело, додека со концептот на „влажната маска“, патогените се уништуваат со формулата во водената мембрана.

При поголем напор, кога се потиме, водата од потта се комбинира со активната формула во маската и го проширува слојот на заштита, дури и на очите. Поради тоа, дополнително на оваа маска, секоја заштита е доволна од упад на патогени.

Концептот на „влажна маска“ го користи сопственото дишење и влага за да ја зголеми самозаштитата. А, бидејќи дишењето не е вознемирувачко, таа ќе биде добро прифатена и од децата. Во случај да „поправиме“ или отстраниме веќе активирана маска и го допреме надворешниот слој, слојот на водената мембрана со формулата ќе ги стерилизира нашите прсти, така што патогените нема да се пренесат.

Поради постојаното претворање на СО2 во О2 и удобноста при нејзиното носење, оваа маска, наречена Заштитна маска РЕНС, може да се носи на неодредено време. Ако маската се извалка, активаторот се отстранува и маската се пере на пониска температура, на 40 Целзиусови степени. Инаку маската загарантирано може да издржи најмалку 15 перења на 90 Целзиусови степени, без да ги изгуби механичките својства.

Активаторите може да се користат најмалку 5 пати (по перењето), а потоа треба да се заменат со нови.

Целиот овој концепт од корен ги менува актуелните принципи на изработка на заштитни маски, значително го намалува финансискиот товар на семејствата и останатите корисници, сосем е безопасен за животната средина и има многу долга употребливост на маската и активаторите (со соодветно чување).

Што му носи на поединецот оваа новина?

Влијанието на овие промени врз поединецот и заедницата може да биде исклучително високо. Тоа значи дека може да биде успешно оружје во борбата со сегашната пандемија, како и со можни нови пандемии, COVID-20, 21, 22, итн., кои, меѓу редови, веќе се најавени во најновите извештаи од кинеските медиуми. Тоа значи високо ниво на лесно достапна заштита за обичната популација, против напади од можни биолошки војни.

Тоа значи дека самозаштитничкото дејствување на поединецот навистина може да остави трага на околината, на заразените или загрозените.

Се разбира, со сите овие промени, повеќе не постои прашање: заштитна маска – да или не, туку прашањето е која заштитна маска навистина нè штити, а која само ги збогатува изворите на пандемијата.

Повеќе на: rens.mk и protocolrens.org

Сподели!
- Advertisement -