Возилата на велешки Брако се појавија во филмот „Man in Black 3“

- Advertisement -

Две возила за оджување на хигиена од компанијата „Green Machines“, која е дел од конзорциумот на „Брако“ се појавуваат во сцени од  два познати холивудски филмови, научните фантастики „Man In Black 3“ и „Star Wars: Episode I – The Phantom Me

Во далечната 1999 година, Џорџ Лукас кој е автор и режисер на филмовите „Star Wars“ , шетал покрај Бекингдамската палата во Лондон и го забележал возилото за одржување на улична хигиена на компанијата „Green Mаchines“ , чие седиште тогаш е во Шкотска. Футуристичкиот изглед на ова возило му се допаднал на режисерот и така одлучил да го искористи во сцена од својот следен филм.

Во 2012 пак, режисерот Бери Соненфилд го подготувава својот трет филм од серијалот „Man In Black“. На сличен начин како кај режисерот Лукас и кај Соненфилд се раѓа идеа да искористи возило од компанијата „Green Machines“ кое во една од сцените во филмот ќе го влече чудовиштето кое му создаваше многу проблеми на Агентот Џеј, чија улога ја толкува Вил Смит.

- Advertisement -

„Green Machines“ е една од најстарите компании за производство на правослмукални и е основана во Шкотскаво 1964 година. Пред три години велешки Брако започнува соработка со оваа шкотска фирма и ги произведува овие машини, а во 2019 година, поранешниот директор на компанијата „Green Machines“ заедно со Брако во Велес основаат нова компанија „Green Machines ДОО Велес“ и оттогаш машините на „Green Machines“ се продаваат низ светот како македонски, а целосното производство е преселено во погоните на компанијата во Велес.

Овие машини се користат насекаде низ светот и ги чистат најпрестижните локации на планетата Земја, како Плоштадот Свети Петар во Ватикан, Бекингемската палата, Дизниворлд, Тајмс сквер во Њујорк и др.

- Advertisement -

Извор – Канал5 телевизија

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -