Кина го одобри тестирањето на луѓе на вакцината против корона вирусот направена од инсекти

- Advertisement -

Кина се наоѓа среде глобалната трка за развој на исплатлива вакцина против корона вирусот со цел стопирање на пандемијата која го зафати целиот свет. Користењето клетки од инсекти за развој на протеини за вакцина против корона вирусот, која е прва таква во Кина, може да го забрза производството на големи количини вакцини, вели градската власт во Ченгду во најавата на социјалната мрежа WeChat.

Вакцината која ја произведе Западна Кина во лабораторија во Универзитетот Сишуан во Ченгед доби одобрение од Националната управа за медицински производи за да може да влезе во фаза на клинички испитувања, се вели во најавата.

- Advertisement -

Тестовите покажале дека вакцината ја превенира заразата со САРС-КоВ-2 без видливи нуспојави. Кинеските научници веќе вршат истражувања на барем уште осум потенцијални вакцини против корона вирусот кои се наоѓаат во различни фази од клиничките испитувања.

Странските компании како што се германски BioNTech и американската Inovio Pharma исто така соработуваат со локални кинески компании за тестирање на своите експериментални вакцини против корона вирусот во Кина.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -