Регулаторна го објави новите цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука цените на бензините и дизелот да останат исти согласно одлуката од 17.8.2020 година, додека намалување ќе има на малопродажнaта цена на Мазутот М-1 НС за 0,323% и наЕкстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,97%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ина ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит ималопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит.

- Advertisement -

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,085 ден/кг и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,280 ден/кг.

- Advertisement -

Од 25.08.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин                              ЕУРОСУПЕР БС –  95                                      59,50 (денари/литар)

- Advertisement -

– Моторен бензин                              ЕУРОСУПЕР БС – 98                                      61,50 (денари/литар)

– Дизел гориво                                   ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                  52,00 (денари/литар)

– Масло за горење                             Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                                      51,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС                                                                                                                                                                         26,280 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемување за 1,352%, намалување на дизелот за 0,365% и на екстра лесното масло за 0,708%, додека кај мазутот има зголемување за 0,361%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,654 %.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.8.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en со цени од 17.8.2020), се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95

  Еуродизел (ЕУР) ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
Северна Македонија 0,844 0,966
Австрија 1,028 1,062
Бугарија 0,933 0,923
Хрватска 1,159 1,206
Германија 1,083 1,287
Грција 1,158 1,430
Италија 1,285 1,398
Унгарија 1,082 1,067
Словенија 1,008 1,007
Сподели!
- Advertisement -