Школската година ќе започне од 1 октомври, Владата ги усвои Протоколите за физичка настава

- Advertisement -

Наместо на 1 септември, школската година ќе започне на 1 октомври, одлучи Владата на денешната 82-ра седница.

На неа беа усвоени Проколите за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците за учебната 2020/2021 година. Покра ова, Владата одлучи да се формира работна група која ќе ја следи состојбата и ќе дава мислење за подготвеноста на училиштата за спроведување настава во услови на Ковид-19.

„Оваа работна група ќе ја следи состојбата и ќе дава мислење за подготвеноста на основните и средните училишта за спроведување на наставата во услови на КОВИД-19 по поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, како исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното“, информираат од Владата по оддржаната седница.

Сподели!
- Advertisement -