Илјадници Швеѓани биле лажно позитивни на корона вирусот поради непрецизни тестови

- Advertisement -

Околу 3.700 Швеѓани биле лажно позитивни на корона вирусот поради недостиг од тестови од Кина, објави Агенцијата за јавно здравје на Шведска. Тестовите на компанијата BGI Genomics не можеле да го разликуваат ниското ниво на вирусот од негативен резултат, објаснува шведската агенција.

Доставувачот мора да ги прилагоди својствата кои се потребни за користење на овој тест“, изјави Тегмарк Висел, шеф на Одделението за микробиологија.

- Advertisement -

Тие тестови се извезени и во многу други земји, вели Висел и не открива други детали. BGI Genomics има два ограноци на американската црна листа со компании кои се вмешани во кршењето на човечките права, но немаат коментар на ова.

Во март за користење на своите тестови добиле одобрение од американските власти за итна употреба, а во мај и од Светската здравствена организација. Шведските лаборатории која ја проценуваат ефикасноста на тестовите ја прилагодиле својата методологија. Од агенцијата не откриваат колку од тие тестови биле искористени, но изгледа дека не станува збор за голем број затоа што има многу мало присуство на корона вирусот во земјата.

- Advertisement -

Шведска вели дека погрешните резултати само маргинално се одразиле на статистиката на заразата. Од појавата на корона вирусот во Шведска вкупно се заразени 86.891 луѓе, а умреа 5.814 луѓе. Бројот на случаи, пациенти на интензивна нега и бројот на мртви опаѓаат последните недели.

Агенцијата на почетокот на идната недела ќе ја претстави својата стратегија за олабавување на мерките за јавни настани како што се фудбалските натпревари.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -