ВИДЕО: Германскиот првак во F1, Нико Розберг, го купи хиперавтомобилот на Мате Римац вреден околу 2 милиони долари

- Advertisement -

Нико Розберг, поранешниот германски првак во F1, кој во 2016 година го освои првенството во Формула 1, пред околу една година на својот YouTube канал објави видео во кое откри дека сака да купи нов хиперавтомобил. Во видеото рече дека битно му е мислењето на фановите при одлуката за новиот автомобил.

Нико сеха објави ново видео на кое откри за кој автомобил се одлучил, а со неговата одлука најзадоволен е сигурно Мате Римац, затоа што одлуката паднала на најновиот хиперавтомобил од фабриката во Света Недела, Rimac C_Two.

- Advertisement -

Нико веќе ја посетил фабриката, ги разгледал погоните, ги запознал луѓето кои му го составуваат новиот автомобил, но уште не е познато кога ќе може да го вози прв пат, ниту точно колку ќе го чини.

Инаку, интересно е дека Нико Розберг после десет години трки само пет дена после освојувањето на f! првенството во 2016 година во екипата на Mercedes објави дека завршува неговата кариера како професионален возач. Очигледно заработил доволно пари во своите триесетти години за да може да се пензионира и да си дозволи ваков автмобил.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -