Во октомври ќе се одржи најголемиот онлајн Регионален саем за вработување

- Advertisement -

Резервирајте штанд на најголемиот онлајн Регионален саем за вработување кој од 7. до 14. октомври ќе се случува во Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија!

Актуелната состојба и неможноста за нормално извршување на редовните работни задачи примора голем број компании да го променат начинот на работа. Според едно истражување, дури 40% од македонските компании забележале намален обем на работа за повеќе од 80%. Но, повлекувањето на рестриктивните мерки и оптимизмот дека нема повторно да се соочиме со нови ограничувања ги охрабри компаниите дека ги очекуваат подобри времиња. Тоа значи дека за компаниите е поважно од кога било да имаат квалитетен кадар кој ќе им овозможи повторно да растат.

- Advertisement -

Првата станица е Регионалниот саем за вработување, најголем онлајн саем за вработување во Европа, кој и оваа есен, веќе 11-та година по ред, го организира Vrabotuvanje.com во соработка со своите партнери во регионот: MojPosao – ХрватскаPoslovi Infostud – СрбијаMojPosao.ba – Босна и Херцеговина и Deloglasnik – Словенија.

Саемот ќе се одржи од 7. до 14. октомври 2020 година на следната веб страна:
https://regionalensaemzavrabotuvanje.com

- Advertisement -

Минатата година овој саем оствари над 300.000 посети и 27.000 апликации, а своите можности за вработување ги претставија над 80 компании.

За разлика од еднодневните физички саеми, виртуелниот саем е активен 8 дена од 0 до 24 часот и е достапен преку сите (десктоп/мобилни) уреди. Саемот ви овозможува на едноставен и ефикасен начин да ја претставите вашата компанија пред голем број на работобаратели во една или повеќе земји и преку директна, „еден на еден“, комуникација да пронајдете талентирани кандидати кои совршено ќе се вклопат во вашиот постоечки тим на вработени. Вашиот виртуелен штанд го креирате во неколку едноставни чекори, без притоа да трошите ресурси за патување, ангажирање на вработени и печатење на промотивни материјали.

- Advertisement -

Резервирајте го вашиот штанд навреме преку нашата веб страна: https://regionalensaemzavrabotuvanje.com/ и добијте попуст за рана пријава, кој важи до крајот на август. Придружете ни се на овогодинешниот Регионален саем за вработување!

Сподели!
- Advertisement -