Илон Маск го претстави првиот имплант во мозок на свиња

- Advertisement -


Илон Маск вчера на светот му претстави една посебна свиња – Гертруда има вградени електроди во мозокот и посебен чип кој ја следи нејзината мозочна активност. Откако Маск на Twitter најави пренос во живо на кој ќе го претстави револуционерниот уред од уште една од компаниите чиј основач е, Neuralink, многумина се запрашаа дали ќе видиме прототип на уред кој е тестиран на луѓе.

Одговорот на тоа прашање го добија која почна преносот, на кој се појави и Гертруда. Кога Гертруда допираше нешто со носот, на посебен графикон беа прикажани резултатите на нејзината мозочна активност, кои се забележани од над 1.000 електроди поврзани со нејзиниот мозок. Маск претходно најави дека првите тестови на оваа технологија можеме да ги очекуваме на луѓе на крајот на 2020 година, но изгледа дека за таквите демонстрации сепак ќе почекаме уште некое време.

- Advertisement -

Освен електродите поврзани со мозокот, технологијата вклучува и посебен уред со големина на монета кој се планира да се постави во самиот череп, објасни Маск. Тој уред преку Bluetooth би се поврзувал со паметни телефони и посебна мобилна апликација. Ако сите тестови поминат успешно, технологијата еден ден би можела да реши бројни невролошки проблеми како губење на меморијата или зависност од нешто, а може да обезбеди и следење на здравствената состојба на корисниците за навреме да се реагира ако има знаци кои укажуваат, на пример, на срцев удар.

Маск верува и дека благодарение на електродите во мозокот и на чиповите кои може да се поврзат со телефон, еден ден ќе може со мисли да се контролираат телефоните – мозочната активност и сигналите кои технологијата би ги претворала во конкретни акции. Но, желбите на Маск одат многу подалеку од тоа и тој сака да овозможи поврзување на луѓето со компјутери и вештачка интелигенција, некаков вид на симбиоза со вештачката интелигенција која би можела да им помогне на луѓето и на нашите мозоци. Преку чипови во нашите мозоци ќе можеме да правиме резервни копии од нашите сеќавања и ќе ги отвораме кога ќе посакаме, а постои можност и да ги симнуваме на некој уред или на роботско тело, го опиша Маск радикалниот начин на примена на новата технологија во иднина.

- Advertisement -

Целосното видео од настанот можете да го погледнете на овој линк.

(Dnevnik.hr, CNET)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -