„Сите сити“ и со петиција бара од Град Скопје да поддржи активности за спасување и донирање на храна

- Advertisement -

Мрежата на невладини организации „Сите сите” неодамна упати формално барање до Градот Скопје за поддршка со цел да го зголеми својот капацитет на работа во услови на зголемена потреба за помош на социјално загрозени граѓани погодени од кризата предизвикана од Ковид-19.

Во меѓувреме покренаа и онлајн анкета со која бараат градските власти да им помогнат финансиски и материјално за да се зголемат капацитетите за обезбедување на повеќе храна за корисниците на мрежата на територија на Град Скопје, и за новите кои очекуваат да се појават во периодот кој следи.

- Advertisement -

„Тоа што го бараме од Град Скопје е простор (магацински), транспорт (гориво, возило и др.), финансиски средства за дополнителен персонал и поддршка во поттикнувањето на поголемо вклучување со донирање од страна на компаниите. Дополнителните ресурси, ќе помогнат мрежата да спаси поголеми количини на добра храна, којашто наместо да се фрли, ќе помогне на илјадниците социјално загрозени граѓани на територија на Град Скопје“, се вели во онлајн петицијата.

Таа е достапна на следниот ЛИНК.

Сподели!
- Advertisement -