Америка дава награда од 10 милиони долари за информации за хакерите кои сакаат да ги хакираат претседателските избори

- Advertisement -

Минатите претседатеслки избори ди обележа скандалот со протекување лични податоци за гласачите преку компанијата Cambridge Analytica, лажните вести кои се ширеа преку социјалните медиуми и вклучувањето на други држави и хакери во предизборната кампања. Американските разузнавачки служби сега сакаат да спречат да се повтори нешто слично и на претстојните претседателски избори, кои ќе се одржат во нестабилен и тежок период за САД, кои паднаа покосени од корона вирусот, но и од бројните често насилни протести за расната рамноправност во земјата.

Во борбата против хакерите и криминалците, односно разузнавачките служби од другите земји, САД бара помош и информации за луѓето кои би можеле да се замешаат во претседателските избори, а спремни се и дебело да платат за таа помош. Тие распишаа награда до 10 милиони долари за информации кои ќе помогнат во идентификацијата или лоцирањето на луѓето поврзани со странските влади со цел вплеткување во процесот на избирање преку илегални сајбер-активности.

- Advertisement -

Покрај тоа, голем изборен предизвик ќе биде и корона вирусот – до изборите бројот на заразени би можел да надмине 5 милиони луѓе, а бројот на умрени ќе се приближи или ќе надмине 200.000. Одржувањето избори во таква ситуација носи страв од нова зараза и ширење на вирусот, поради што во неои сојузни држави би можело да се гласа и преку пошта.

(The Verge)

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -