Рајскиот остров Фернандо де Нороња повторно е отворен за туристите кои сакаат да летуваат на оваа прекрасна дестинација. Постои само еден услов – мора да сте оздравеле од корона вирусот. Во спротивно, не смеете да доаѓате на островот.
Оваа популарна туристичка атракција се наоѓа во Бразил, а своите врати ги отвора само за сите кои веќе имале корона вирус. Посетителите тоа ќе го докажат со испраќање на резултатите од PCR или IgG тестовите.
Резултатите не смеат да бидат постари од 20 дена, а туристите на овој начин докажуваат дека веќе се заразиле со корона вирусот и оздравеле од него. Управителот на архипелагот острови, Гиљерме Рока, вели дека локалната власт е очајна во своите обиди да ја закрепне локалната економија.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: Wikimedia)