3-во-1: Интегрирани решенија за крајни корисници нудат одговори на инциденти за средни бизниси со консолидиран пристап преку новиот Kaspersky EDR Optimum и Kaspersky Sandbox

- Advertisement -

Со последната надградба на своето најпопуларно решение за средни бизниси и претпријатија Kaspersky претстави нов пристап кој го интегрира Kaspersky Endpoint Security for Business со конзола за менаџирање во облак, Kaspersky Endpoint Detection and Response Optimum (EDR Optimum) и Kaspersky Sandbox.

Новото решение за крајните корисници за детекција и одговор на закани (EDR) сега е прилагодено за организации со дури лимитирано искуство со безбедност и ресурси, што значи дека ИТ експертите веднаш ги гледаат инцидентите и информациите за нив, но истовремено ги гледаат и опциите за истражување и автоматски одговор.

- Advertisement -

Денес и големите и средните компании имаат потреба од алатки за минимизирање на ризикот од сложени и напредни напади. Според истражувањето Kaspersky IT Security Risks Survey [1], околу 40% од средните компании и претпријатијата немаат доволно инсајдерски информации и познавање за заканите со кои се соочуваат нивните организации [2]. Тешкотијата е во тоа што нивните ресурси вообичаено се лимитирани кога станува збор за справувањето со сложени закани. За да ги анализираат сè побројните инциденти, тие имаат потреба од повеќе вработени, како и врвни аналитичари за безбедност, ловци на закани и лица кои одговараат на инциденти.

Автоматизирани EDR и Sandbox

- Advertisement -

Заштитата на крајните корисници од Kaspersky сега е зајакната со новиот Kaspersky EDR Optimum. Тоа е решение специјално дизајнирано за бизниси кои сакаат да имаат инсајдерски информации за инцидентите на ниво на компанија и способност да одговорат, без да додаваат товар на нивните тимови и ресурси.

Kaspersky EDR Optimum моментално ги прави позабележителни заканите детектирани од Kaspersky Endpoint Security for Business. Обезбедува позадина за сите малициозни активности: повеќе податоци за предупредување и визуализација на траекторијата на ширење на заканата.

- Advertisement -

Ако Kaspersky Endpoint Security for Business најде сомнителен документ, кој дефинитивно не може да се категоризира како малициозен, го испраќа до Kaspersky Sandbox, безбедносната алатка која беше лансирана неодамна, која автоматски го отвора документот во изолирана средина за да открие дали има малициозно однесување или карактер. Проценката на Kaspersky Sandbox потоа може да се дополни со аналитика на документот од страна на Kaspersky EDR Optimum.

За справување со заканaта Kaspersky EDR Optimum има цел сет од можни активности, како што е изолирање на крајниот корисник со потенцијален злонамерен софтвер или ставање на сомнителниот документ во карантин. За да се осигура дека заканата нема да се прошири на други машини, експертите за безбедност можат да креираат индикатори на компромис (IoCs се артефакти кои посочуваат дека некој систем е пробиен) и со неколку кликови и потоа да закажат автоматско скенирање на крајните корисници за малициозен софтвер. Освен тоа, решението овозможува снимање на IoCs од друг уред и скенирање за да се идентификуваат засегнатите крајни корисници. Сите тие функции овозможуваат централизирано менаџирање со безбедносните инциденти, брза реакција на критични закани и превенирање, со што се минимизираат потенцијалните негативни последици по бизнисот.

Повеќе опции за заштита на крајни корисници со менаџирање преку облак

Како што откриваат истражувачите на Kaspersky, нападите на крајните корисници на Linux е зголемиле за 46% во 2019 во споредба со 2018 година [3]. За да се осигураат дека тие напади нема да ги погодат бизнисите, новото решение Kaspersky Endpoint Security ја засилува заштитата на корисниците на оперативниот систем Linux. Компонентите за закани по мрежите и веб заканите гарантираат дека дојдовниот и излезниот сообраќај не содржат малициозен софтвер. Заштитата на податоците е зајакната со контрола на уредите, со што се овозможува дефинирање на правилата за пренос на податоци до други уреди.

Integrated Endpoint Security исто така задоволува повеќе потреби на корисниците во поглед на менаџирањето. Конзолата за менаџирање Kaspersky Security Center освен физичката опција, сега е достапна и во облак. Корисниците кои ќе ја изберат Кaspersky Security Center Cloud Console можат да ја активираат побрзо и да ја користат по пониска цена, а сепак да ги добиваат потребните надградби и другите одржувања кои ги врши Kaspersky.

„Технологијата и полето на сајбер безбедноста брзо се менуваат, што значи организациите мора да се справуваат со повеќе предизвици користејќи ги истите ресурси. Затоа тие имаат потреба од решение кое ќе им помогне ефективно да им пристапат на заканите, преку автоматизирана детекција и опции за одговор. Времето и човечките ресурси се клучни за тоа, а новото интегрирано решение на Kaspersky е дизајнирано да им помогне на бизнисите така што обезбедува клучни опции за истражување и решавање на инциденти“ вели Дмитри Алешин, потпретседател за продуктен маркетинг во Kaspersky.

За повеќе информации за Integrated Endpoint Security посетете ја веб страницата.

[2] 39% од компаниите со 250 – 999 вработени; 40% од претпријатијата со 1.000+ вработени.

[1] Истражувањето Kaspersky Global Corporate IT Security Risks Survey (ITSRS) е глобално истражување на производителите на ИТ бизнис решенија спроведено во 2019. Биле направени вкупно 4.958 интервјуа во 23 земји.

[3] Овие статистики се добиени преку Kaspersky Security Network (KSN), антивирусна мрежа која функционира со повеќе компоненти за заштита од малициозен софтвер.

За Kaspersky

Kaspersky e глобална компанија за сајбер безбедност основана во 1997 година. Експертизата на Kaspersky за откривање на длабински закани и безбедноста постојано се трансформира во иновативни решенија за безбедност и услуги за заштита на бизнисите, критичната инфраструктура, владите и корисниците во светот. Сеопфатното портфолио на компанијата вклучува водечки решенија за заштита на крајните корисници и бројни специјализирани решенија и услуги за безбедност и борба против софистицираните дигитални закани кои постојано се развиваат. Над 400 милиони корисници се заштитени со технологии на Kaspersky и ние им помагаме на 250.000 корпоративни клиенти да го заштитат она што ним им е најбитно. Дознајте повеќе на www.kaspersky.com. Повеќегодишен Платинум партнер на Kaspersky за Македонија е КАБТЕЛ.

Сподели!
- Advertisement -