Хонконг почна со масовно бесплатно тестирање за корона вирусот

- Advertisement -

Иницијативата на централните кинески власти за масовно тестирање почна да ја спроведува тим од 60 здравствени работници кои дојдоа во Хонгконг од други делови на Кина. Станува збор за првата директна медицинска помош од Кина во полуавтономниот град кој се бори со епидемијата на КОВИД-19.

Бесплатното тестирање стана политички важно прашање, а властите во Хонгконг и во Кина тврдат дека критичарите на тестирањата ги напаѓаат само за да се спротивстават на централната власт.

- Advertisement -

Челницата на Хонгконг, Кери Лам, вели дека тестирањето е неопходно за да се лоцираат асимптоматските случаи кои може да станат преносители на болеста. Таа повика здравствените работници да го спроведат тестирањето објективно и професионално.

Спорот околу тестирањето се случува во момент кога многумина од 7,5 милиони жители на Хонгконг секоја иницијатива на Пекинг ја доживуваат како обид за намалување на нивната слобода, особено после прифаќањето на новиот закон за национална безбедност во јуни годинава.

- Advertisement -

Кинеската иницијатива за бесплатно тестирање почнува додека значително паѓа бројот на новозаразени случаи во оваа бивша британска колонија. Сепак, речиси 600.000 луѓе се пријавиле за бесплатно тестирање и денес се забележани како стојат во редици на 141 место за тестирање ширум градот.

Некои продемократски активисти сугерираат дека под маската на тестирањето владата сака да собере ДНК примероци од жителите на Хонгконг и да ги злоупотреби тие податоци. Кинеската влада ги отфрли тие обвинувања и истакна дека сите примероци ќе останат на подрачјето на градот. Количината тестирани примероци, според новата шема, треба да се зголеми на 500.000 дневно.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -