Дубаи инјектира 2 милијарди долари во националниот авиопревозник Emirates

- Advertisement -

Владата на Дубаи инјектираше 2 милијарди долари во националната авиокомпанија Emirates, откако пандемијата на коронавирусот во март го стопираше патувањето со авион. Доколку е потребно, владата на Дубаи е подготвена да даде дополнителна помош на својата водечка авиокомпанија.

Емиратот претходно оваа година објави дека се обврзал да обезбеди финансиска поддршка за најголемиот светски превозник на долги релации, а проспектот за обврзници што го гледа Bloomberg го покажува износот на помошта дадена во изминатите пет месеци.

- Advertisement -

„Секоја дополнителна поддршка ќе зависи од барањата на авиокомпанијата и нејзиниот обем и ќе биде под влијание на времетраењето на моменталната состојба со КОВИД-19“, се вели во проспектот.

Emirates е сериозно погодена од пандемијата бидејќи компанијата управува со највисока категорија авиони – „ербас“ и „боинг 777“ – кои превезуваат патници помеѓу сите делови на земјината топка. Патувањето на долги патеки се очекуваше полека да се опорави од кризата, бидејќи патниците избегнуваа долги патувања и жаришта на пандемијата.

- Advertisement -

Дубаи се приклучува на списокот со земји кои биле принудени да интервенираат за да ги спасат своите национални превозници. Главен пример е Lufthansa, која добива милијарди долари за да се одржува за време на кризата.

Иако првичните пикови од инфекцијата ослабнаа и многу граници се отворија, темпото на опоравување во секторот е попречено од следните ограничувања на патувањето за да се спречат појавите на епидемијата.

- Advertisement -

Emirates продолжи со дел од редовните патнички летови на 21-ви мај по пауза од два месеци. Авиокомпанијата очекува да ја зголеми својата мрежа на 80 дестинации во септември, рече главниот оперативен директор Адел Ал Редха во интервју претходно во овој месец. До 2021 година се очекува да бидат опслужени сите дестинации.

(denar.mk)

Сподели!
- Advertisement -