УНИЦЕФ предупредува: Децата во богатите земји се дебели, не знаат математика и имаат ментални пореметувања

- Advertisement -

Премногу деца во најбогатите земји во светот немаат основни знаења од математика и читање и патат од ментални пореметувања, објави УНИЦЕФ. Во извештајот на агенцијата се рангирани 41 земја-членка од ЕУ и Организацијата за економска сорбаотка и развој според здравјето, вештините и среќата на децата.

Данска, Холандија и Норвешка се на врвот, а Бугарија, Чиле и САД се на дното на листата со земји со високи приходи. Во најголем дел од анализираните земји околу 20% од децата немаат чувство на задоволство, покажува извештајот.

- Advertisement -

Најлоша е ситуацијата во Турција со само 53% од децата кои се задоволни со животот, а следуваат Јапонија и Велика Британија. Литванија бележи најголем број на самоубиства меѓу адолесцентите, додека на второ и трето место се Нов Зеланд и Естонија.

Во поглед на физичкото здравје, секое трето дете е гојазно или има прекумерна тежина, а стапката нагло расте и во јужна Европа. Околу 40% од децата со 15 години во богатите земји немаат основни математички вештини и вештини за читање, најмногу во Бугарија, Романија и во Чиле, велат од агенцијата.

- Advertisement -

Извештајот е направен врз основа на податоци пред пандемијата на корона вирусот и УНИЦЕФ предупредува дека здравствената криза е дополнителна опасност за добросостојбата на децата.

Многу најбогати земји во светот, кои имаат ресурси на сите да им обезбедат среќно детство, ги изневерија децата, вели директорката на УНИЦЕФ, Гунила Олсон. Ако владите во склоп на одговорот на пандемијата не преземат итни и одлучни мерки за заштита на децата, можеме да очекуваме раст на сиромаштијата, лошо физичко и ментално здравје и недоволна опременост со вештини, додава таа.

- Advertisement -

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -