Најголемите технолошки гиганти неделава изгубија дури 44 милијарди долари

- Advertisement -

Колективното богатство на најбогатите 10 технолошки милијардери во светот се намали за 44 милијарди долари. Според индексот на милијардери на Bloomberg, Bloomberg Billionaires Index, извршниот директор на Amazon, Џеф Безос, изгубил досега најмногу пари од своето лично богатство – 9 милијарди долари.

Илон Маск и Марк Цукерберг исто така забележаа пад од 8,5, односно 4,2 милијарди долари oд личното богатство, а богатството на Бил Гејтс се намали за 2,9 милијарди долари.

- Advertisement -

Маск, Цукерберг и Безос се центимилијардери, што значи дека имаат поголема нето вредност од 100 милијарди долари поединечно. Нивните загуби се мал дел од богатството. На пример, богатството на Безос се намалило за 4,5%.

Овој пад на нето богатството на милијардерите следува после силниот старт на 2020 година за технолошките компании. Дури и после тој пад, нето вредноста на топ 10-те милијардери во светот е 830 милијарди долари.

- Advertisement -

Намалувањето на богатството следува откако пандемијата фрли светло на неднаквоста во распределбата на богатството во САД, каде што еден од петмина Американци се соочува со иселување од домот во септември, а банките за храна имаат се поголема побарувачка.

(Business Insider)

- Advertisement -

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -