Кинеската влада ангажирала 2 милиони луѓе за да пишуваат лажни коментари

- Advertisement -

Кинеската влада објавува стотина милиони лажни коментари на социјалните медиуми секоја година. Целта е да го оттргнат вниманието на публиката од реалните проблеми. Кинеската влада веќе долго време е под сомнение дека ангажирала повеќе од 2 милиони луѓе тајно да пишуваат огромен број псевдоними и други измами како коментари на реални објави на социјалните мрежи како да се мислења на вистински луѓе. Мнoгу академици и мнозинството од новинарите и активистите тврдат дека тоа се луѓе кои стојат на страната на владата во политичките дебати. Како што покажаа истражувањата, ова важи за најголем дел од објавите за кои отворено има обвиненија дека се лажни.

Истражувањата покажуваат дека владата фабрикува и објавува околу 448 милиони коментари годишно на социјалните мрежи. Стратегијата на кинескиот режим е да се избегне кавга со оние кои се сомневаат во партијата и во владата и дури и да не се разговара за контроверзните прашања. Истражувањето од Харвард заклучува дека целта на оваа масовна тајна операција е редовно дефокусирање на јавноста и менување на темата, што вклучува и „навивање“ за режимот.

- Advertisement -

Истражувањето зборува и за тоа дека овие резултати се совпаѓаат со оние што се познати во кинеската програма за цензура и предлагаат да се смени контролата врз информациите во авторитарните режими.

(Bizlife, Harvard.edu)

Сподели!
- Advertisement -