Ќе се доделат грантови за жителите на скопско Лисиче за намалување на аеро-загадувањето

- Advertisement -

Над 100 семејства од скопската населба Лисиче ќе добијат грантови до 10.000 долари за го сменат начинот на греење во домовите заради намалување на загадувањето во Скопје.

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) заедно со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање објави повик за избор на домаќинства од населбата Лисиче кои ќе бидат поддржани со грант во висина до 10.000 американски долари, за да воведат мерки за зголемување на енергетска ефикасност на своите домови и на таков начин да се придонесе кон намалување на загадувањето на воздухот. Под енергетско-ефикасни мерки се подразбира замена на грејното тело со ново енергетски поефикасно, замена на прозорци, поставување на надворешна или внатрешна изолација, поставување на сончеви колектори и останати интервенции кои би биле предложени од страна на енегетските контролори. Финансиската поддршка за воведување на овие мерки е обезбедена од страна на Владата на Шведска преку проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“.

- Advertisement -

Населбата Лисиче е предложена како тест зона, бидејќи мерењата на загаденоста на воздухот во Скопје покажале дека овој дел е меѓу најкритичните во Скопската котлина.

„Можност да се јават на повикот имаат сите физички лица со постојано место на живеење во населбата Лисиче или во нејзина непосредна близина, кои поседуваат индивидуален објект за домување – куќа или дел од куќа, за кој постои доказ дека е во сопственост на апликантот. Проектот поддржува спроведување на енергетско-ефикасни мерки во најмалку 100 домаќинства. Изборот на домаќинствата ќе се направи според веќе дефинирани критериуми. Во домаќинствата избрани на повикот ќе се спроведе енергетска контрола  со цел да се направи проценка на енергетската ефикасност на објектот и да се предложат конкретни мерки за заштеда на енергија како и пресметка за трошоците за нивно спроведување“, се вели во повикот објавен од УНДП, Град Скопје и Министерството за животна средина.

Сподели!
- Advertisement -