Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73% во однос на Одлуката од 31.08.2020 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит и од вечерва на полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61,50 ден/лит.

- Advertisement -

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит и ќе изнесува 50,50 ден/лит.

За 1,00 денар за литар се намалува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 50,50 ден/лит.

- Advertisement -

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,575 ден/кг и  ќе изнесува 25,956 ден/кг.

Од 08.09.2020 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин                       ЕУРОСУПЕР БС – 95                            59,50 (денари/литар)

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС -98                             61,50 (денари/литар)

Дизел гориво                           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       50,50 (денари/литар)

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               50,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      25,956 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа: на бензинот за 3,103 %, на дизелот за 5,626%, на екстра лесното масло за 5,358%, и на мазутот за 2,497% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,64%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 08.09.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 31.08.2020), се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95

  Еуродизел (ЕУР) ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
Северна Македонија 0,820 0,966
Австрија 1,031 1,074
Бугарија 0,933 0,923
Хрватска 1,154 1,224
Германија 1,077 1,297
Грција 1,157 1,433
Италија 1,285 1,400
Унгарија 1,064 1,068
Словенија 1,006 1,006
Сподели!
- Advertisement -