Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73% во однос на Одлуката од 31.08.2020 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит и од вечерва на полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит и ќе изнесува 50,50 ден/лит.
За 1,00 денар за литар се намалува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,575 ден/кг и ќе изнесува 25,956 ден/кг.
Од 08.09.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 61,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 50,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 50,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 25,956 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа: на бензинот за 3,103 %, на дизелот за 5,626%, на екстра лесното масло за 5,358%, и на мазутот за 2,497% .
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,64%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 08.09.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 31.08.2020), се дадени во следната табела:
Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95
Еуродизел (ЕУР) | ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР) | |
Северна Македонија | 0,820 | 0,966 |
Австрија | 1,031 | 1,074 |
Бугарија | 0,933 | 0,923 |
Хрватска | 1,154 | 1,224 |
Германија | 1,077 | 1,297 |
Грција | 1,157 | 1,433 |
Италија | 1,285 | 1,400 |
Унгарија | 1,064 | 1,068 |
Словенија | 1,006 | 1,006 |