Започна Саемот на книга 2020 пред Арената “Борис Трајковски“

- Advertisement -

Повеќе од 40-тина издавачки куќи ќе ги претстават своите најнови изданија на Саемот на книга 2020, што почнува денеска на отворено во А1 Арена СЦ Борис Трајковски, кај Аква Паркот под монтажни објекти.

Ќе се одржува до 14 септември под слоганот „Замисли еден поинаков поглед“. Преземени се сите безбедносни мерки за заштита на јавното здравје, поради кои Саемот на книга првпат се одржува на отворен простор. Како што е најавено, на саемот ќе има голем број промоции и големи саемски попусти до 70 отсто.

- Advertisement -

Саемот на книга и годинава е организиран во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија.

Во согласност со протоколите за спречување на ширењето на коронавирусот, ќе бидат обезбедени сите мерки за кои посетителите и изложувачите ќе бидат соодветно информирани. Работното време на саемот е од 10 до 20 часот, а на 14 септември од 10 до 17 часот. Билетот за влез ќе чини 30 денари, а за деца и млади до 18 години – 20 денари. Тие ќе може да се набават онлајн и на билетарниците пред влезот на саемот. 

Влезници за саемот можат да се купат и преку оn-line електронскиот систем на www.karti.com.mk по цена од 30 денари (директен линк: https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=3562).
Почнува Саемот на книга, првпат се одржува на отворено | opserver.mk

Сподели!
- Advertisement -