Сибирскиот институт Вектор за вирологија пред неколку дена ја доврши втората фаза од испитувањата за втората потенцијална руска вакцина против КОВИД-19 на луѓе. Русија во август годинава го регистрираше својот прв кандидат за вакцина, кој го направи московскиот институт Гамалеја, после што ги доврши почетните клинички испитувања на луѓе. Последната фаза од испитувањата на вацината, во која треба да учествуваат 40.000 луѓе, почна минатата недела.
Испитувањата за втората руска потенцијална вакцина на луѓе почнаа на 27 јули и вклучуваа 100 волонтери. Пред некој ден беа пуштени од болница последните 20 од волонтерите. Сите 100 волонтери биле вакцинирани со две дози и завршен им е надзорниот период од 23 дена во болница. Според информациите, сите волонтери се чувствуваат добро.
Резултатите од тоа испитување треба да бидат објавени на 30 септември.
(Zimo)
(фото: Freepik)