По 7ми пат, македонската јавност ќе биде дел од iFail (Јас Грешам), настанот каде што познати јавни личности од нашето поднебје, уште еднаш ќе ја испратат пораката дека неуспехот е клучната состојка за рецептот за успех.
Писателката Марија Јаневска, актерот Тино Костадиновски, бизнисменката Гезиме Фејзи, обучувачот Зоран Стојковски и сопственикот на „училиште без хартија“ Перо Сарџовски, се говорниците кои што ќе ги споделат своите приказни од доживеано фијаско или голем неуспех и лекциите што ги научиле од нив, а потоа преку интерактивна дебата, публиката ќе може да извлече уште поголема вредност од нивните приказни.
Јас Грешам ќе се одржи на 17-ти септември (четврток) во 19 часот во Градскиот Трговски Центар во Скопје (ГТЦ – Зелена Градина, кат 2).
Настанот е во организација на Скопскиот Хаб на Global Shapers, дел од глобалната Global Shapers заедница, младинска иницијатива на Светскиот економски форум составена од најразлични профили на млади и успешни луѓе ширум светот кои со своето знење и вештини доброволно придонесуваат кон развојот на својата заедница.
Настанот е јавен и бесплатен, а бројот на присутните ограничен (со пријавување) и ќе бидат запазени сите мерки за заштита на здравјето на присутните и неопходната социјална дистанца.