КОВИД-19 го смени и начинот на живот на луѓето и начинот на кој се работи во целиот свет. Така, иако Webo Bosnia е компанија од автомобилската индустрија, кризата во таа иднустриска гранка и недостигот од работа на полето на производство на делови за автоматска трансмисија ги поттикнаа на нови бизнис идеи.
Имено, со соработка со компанијата-мајка Webo Amtzell, дојдоа на идеја да создадат робот кој користи УВ зраци за да го дезинфицира просторот. Од компанијата посочуваат дека научно е докажано дека УВ зраците уништуваат 99% од микроорганизмите, односно вирусите и бактериите.
Истражувањето покажало дека УВ-Ц зраците ја пореметуваат структурата на генетскиот материјал на КОВИД-19 и го спречуваат вирусот да се репродуцира. Предноста на овој метод на дезинфекција е тоа што ја намалува можноста за заразување при допир на површина за 99% и не остава штетни супстанции кои се штетни по човечкото здравје.
Проект-менаџерот Катарина Илиќ вели дека роботот кој го создале се состои од мобилна платформа и систем со УВ-Ц ламби кои дезинфицираат. Webo Bosnia ја прави мобилната платформа, а Webo Amtzell е одговорна за системот ламби. Главната цел на мобилната платформа не е само дезинфекција на просторот, туку може да се пренамени за транспорт на роботи, автоматизирани инфо системи во банки, маркети и други слични примени.
„Нашиот тим од млади инженери успешно го совлада предизвикот и за само 2 месеци го направи вториот функционален прототип на мобилната платформа, која овозможува мапирање на простории врз база на тоа кој робот се движи самостојно. Заедно со роботот, развиен е и целиот софтвер за мапирање, контрола и атоматизирано движење како и мобилна апликација за далечинска контрола“ додава Илиќ.
(Sarajevo Times)
(фото: Wikimedia)